Ова кратко четиво за деца содржи 14 раскази, коишто започнуваат со влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, а завршуваат со Неговото вознесение. Посебен акцент во четивото е ставен врз Христовото воскресение од мртвите и врз настаните коишто му претходат и му следуваат на истото. Велигденското четиво е исполнето со впечатливи православни илустрации, а текстот е прилагоден и поедноставен со цел подобро разбирање на содржините прикажани во него.