Оваа книга претставува кратко евангелско вероучение во коешто се испреплетуваат три значајни дела: прв дел (вовед во Библијата: општо за Библијата, за потеклото на зборот „Библија“ и за четирите Евангелија), втор дел (претставување, во колони, на изворниот евангелски текст) и трет дел (толкување на текстот од колоните, според традиционалното учење на Црквата).

Преку овој прирачник се овозможува правилно и полесно разбирање на пораките коишто се содржани во Евангелијата, но и општо – во Новиот завет.