На 14.5.2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во свечената синодска сала, оствари средба со Управниот одбор на Македонското библиско здружение. На средбата беа претставени досегашните, но и тековните проекти на Библиското здружение, а меѓу другото, пак, беа разменети и повеќе мислења и предлози за одредени прашања, коишто се полезни за неговата успешна и делотворна работа во иднина.