На 2.11.2023 година, на покана од генералниот секретар на Македонското библиско здружение – проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со повеќе претставници на Библиските здруженија од: Велика Британија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Молдавија, Србија, Словенија и Норвешка.
Средбата протече во пријатна атмосфера и на истата меѓусебно се разменија повеќе мненија, идеи и полезни предлози за успешна и делотворна работа на Библиските здруженија во иднина.