Ваквото издание на Библијата е наменето за деца. Истото е поделено на два дела: Стар завет и Нов завет и ги опфаќа најглавните и највпечатливите библиски настани. Изданието е исполнето со богати илустрации и истото е со прилагоден текст за полесно разбирање на содржините од страна на децата.

Главната сижетна линија на оваа илустрирана Библија за деца започнува со создавањето на светот и со чудесните дела што Бог ги направил во животот на израилскиот народ; продолжува со Божјото ветување и со добрата вест за доаѓањето на Господ Исус Христос на Земјата, а завршува со извршувањето на Неговото спасително дело.

[Изданието е целосно исцрпено]