Библискиот толковен речник е составен за да послужи како патоказ за истражување на Библијата и, воедно, како помагало за секој љубител и читател на истата. Неговата цел е да биде толкувач и водич низ библиските текстови и, истовремено, да помогне за подобро и за полесно разбирање на Божјото слово.
Речникот содржи историски и археолошки податоци за личностите од Библијата, поединости за библиските настани и за институциите, податоци за библиските книги и слично.
Исто така, во Речникот можат да се најдат и кратки објаснувања на одделни теолошки термини, пропратени со бројни библиски цитати и со разнообразни илустрации. На тој начин, доаѓа до израз и самиот изворен мотив за составувањето на истиот – имено, тој да не биде само со научни, туку и со информативни карактеристики.